03 Мај, 2024
0.0247

МИСТЕРИЈАТА НА МОНА ЛИЗА: Под ремек-делото се крие уште еден портрет

Објавено во: Стил 08 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Славната „Мона лиза” на познатиот италијански уметник Леонардо да Винчи секогаш била мистерија за светот по нејзината таинственост и уникатност.

Токму тоа го натерало францускиот научник Паскал Kот да ја истражува оваа слика со различни технологии. На крајот, со помош на рефлективна светлина тој открил дека под портретот на Лиза Џерардини се крие уште еден женски лик.

Со реконструкција тој заклучил дека другиот лик исто така седи,но нема никакви знаци од таинствената насмевка, и другиот лик гледа на страна, а не во сликарот.

Експертите за Да Винчи се поделени во мислењето за вистинитоста на овие наводи, а од Лувр не сакаат да го коментираат ова откритие со оглед дека да Коте не е дел од службениот научен тим.

Тој пак вели дека музејот никогаш нема да го признае неговото отритие, бидејќи ќе треба да се промени името и иденититето на ова ремек-дело.

"Не верувам дека властите ќе бидат воодушевени, поточно дека Лувр ќе сака да го промени името на сликата, бидејќи тоа не е Мона Лиза. Па, ќе треба да биде 'чао Мона Лиза, здраво некој друг!'.", изјави научникот за BBC.