15 Мај, 2024
0.0299

Мистеријата за заработката на Apple

Објавено во: Анализа 09 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Има нешто што не е во ред со податоците на Apple Inc. од последниот извештај, пишува Bloomberg. Мистеријата се состои во монетарната позиција на технолошкиот гигант. Таа е зголемена од 12 милијарди долари до 158,8 милијарди долари. Обично таа се покачува во првиот квартал, но зошто никогаш не се намалува? Имајќи ги предвид претходните квартални резултати, Карл Јакхн, чија компанија поседува акции од Apple за 4,7 милијарди долари, ја опиша компанијата како "врвнокапитализираната во корпоративната историја". Повикот на инвеститорот со седиште во Купертино да ги реоткупи своите акции остануваат нечуено. Главниот извршен директор Тим Кук парира со предлогот, велејќи дека компанијата веќе има план за откуп на свои акции. За време на презентацијата на привремениот финансиски извештај Кук рече: "Минатата година го зголемивме обемот на програмата, удвојувајќи ја до 100 милијарди долари. 60 милијарди од нив се од реоткупени акции. А ние напредуваме во однос на ова. " Прогресот сепак е слаб. За првиот квартал Apple ги купил назад акциите за 5 милијарди долари. Компанијата  избрала да ги зголеми паричните средства во готово наместо да ги задоволи Ајка и другите инвеститори, кои креваа врева за големите профити. Ова само по себе може да биде логично. Аналитичарот во Bloomberg Ананд Шринивасан истакнува дека "големите технолошки компании, вклучувајќи и многу производители на полупроводници, обично не генерираат позитивни поврати од откуп, особено кога се цели корекцијата на цената на капиталот. Ова може да го имале в предвид од Apple, бидејќи на тој начин би можела да генерираат добар поврат на инвестицијата (ROI). " И навистина - од Apple може да се расправаат и да кажат дека имаат добри инвестициски идеи за откуп на акции. Шефовите на технолошкиот гигант често потфрлаат вакви нешта во овој дух. "Продолжуваме да инвестираме напорно во научно-истражување и развој (R & D)", вели контролорот на Apple Лука маестро. "Правиме инвестиции во области кои за вас се истакнати, но и во оние кои не гледате и за кои сме многу возбудени." Кварталните трошоци за наука и развој на Applе навистина растат побрзо во споредба со паричните во нејзините позиции. Трошоците за R & D долетаа со 75% од првиот квартал на 2012 година, за да достигнат 1,33 милијарди долари во истото време во 2013 година. Паричните средства се зголемија за 62% на годишна основа. Можеби Apple издвои средства со кои може да оствари масовни набавки. Донекаде тоа се случи, кога во 2013 година, компанијата најави 15 превземања. Половина од нив беа насочени кон подобрување на картографски услуги и само три од нив претпоставуваа за можен пробив во областа на електроника – стартапот на  Matcha.tv, Passif Semiconductor - кој може да му помогне на Apple да произведува пренослив уред, како и стекнување на израелскиот инвеститорот на сензори PrimeSense. Иако активностите за спојувања и превземања не е нешто невообичаено за Apple, тогаш тоа не е особено драго, ако ја споредиме со онаа на Google, на пример. Купување на PrimeSense за 345 милиони долари беше зделката на годината за американската компанија. Тогаш зошто Apple има потреба од повеќе кеш, доволен да ги покрие производните и оперативни трошоци за цела година? Наједноставниот одговор би бил - Apple едноставно има многу пари кои не знае како да го користи, а една инвестиција на финансиските пазари - 114,7 милијарди долари, се во форма на хартии од вредност - би обезбедила повисок поврат во обрат во купувања на акции. Другиот одговор би бил дека менаџментот е несигурен во врска со изгледите пред компанијата. Успехот на Apple зависи главно од iPhonе . За првото фискално тримесечје продажбата на мобилни уреди сочинуваат 56,4 % од приходите . Покрај импресивните продажби во пазарите во развој , кои Кук ги спомена на прес-конференцијата по повод извештајот - 76% годишен раст во Латинска Америка , 115 % во регионот на Централна и Источна Европа и 65% во Блискиот Исток и Африка - Applе расте побавно на овие пазари во споредба со конкуренцијата . Во 2013 година всушност продажба на уреди во Северна Америка се намалил . Иако новите проекти - преносни уреди, иновативна телевизија, остварување на плаќања преку мобилен телефон - се во процес на развој, никој ме може да каже како ќе се согледаат од пазарот. Некои би имале потреба од довербата на Стив Џобс, за да кажат категорично дека ќе го промени светот наместо да паднат со духот. Токму Џобс беше оној кој започна да Акумулира кеш. Можеби би било нефер да побараме од неговите наследници да го запрат процесот, барем додека не комбинираат успех со овој на револуционерниот гуру. K.K.