16 Мај, 2024
0.0291

ММФ ги подобри прогнозите за раст на светската економија

Објавено во: Анализа 22 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Еврoто во текот на вчерашниот ден беше стабилно во однос на доларот. ММФ ги зголеми предвидувањата за зголемен раст на глобалната економија од 3,6% на 3,7%, што ги зголеми очекувањата дека главните централни банки наскоро ќе почнат со намалување на програмите на монетарно стимулирање на своите економии. Британската фунта се зголеми во однос на доларот откако ММФ ги зголеми очекувањата за раст на британската економија и за повеќето европски земји. Цените на фјучерсите на американските акции во текот на вчерашниот ден се движеле мешовито. Цената на златото паднала во текот на вчерашниот ден да би во текот на азиското тргување влегла во консолидација. Цената на суровата нафта продолжи да расте во текот на вчерашниот ден, а во текот на азиската серија добивката е одржана. Детална анализа ТУКА