06 Мај, 2024
0.0252

ММФ ги задржа прогнозите за 2017 година, но предупреди за ризици

Објавено во: Свет 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги задржа непроменети светските економски прогнози за следната 2017 година, но ги повика владите да преземат акција против постоечките закани на одложениот економски раст и протекционизмот, соопштија светските агенции.

Според Фондот светското производство се очекува да се зголеми до крајот на годината до 3,1%, пред да стигне 3,4% во 2017 година - податоци кои остануваат непроменети од јули наваму.

Сепак ММФ ја намали прогнозата за растот на обемот на светската трговија и за продуктивноста на напредните економии, со образложение дека изгледите за богатите земји се влошени оваа година.

„Од суштинска важност е да бидат заштитени изгледите за зголемено трговско обединување“, рече главниот економист на ММФ Морис Обстфелд.

САД и еврозоната

Фондот ги намали значително прогнозите за раст на САД, но ги подигна оние на Јапонија и еврозоната. Според ММФ причина за влошените прогнози за САД е дека земјата загубила дел од импулсот кој го вкотви глобалниот раст во последните неколку години. Предвидено е американската економија да порасне за 1,6% оваа година, што е значително помалку од јулските проекции за 2,2%.

Во исто време, сепак ММФ ги зголеми прогнозите за еврозоната, но не и без предупредување за можните последици од Брегзит и штетата на ниската инфлација. Последната прогноза е за раст од 1,7% во 2016 година, што претставува зголемување во споредба со претходните предвидувања за 1,6%.

Пораст има и на вредностите за следната година - од 1,4% во јули до 1,5% сега.

Ризикот Брегзит 

Брегзит може да лансира зголемување на отпор против глобализацијата и технолошкиот напредок во развиениот свет, што се заканува да го намали животниот стандард, предупредија од институцијата.

Постојаниот слаб раст ослободува „негативни економски и политички сили“, кои доведоа до протекционизам во Велика Британија, во остатокот од Европа и во САД, сметаат во ММФ.

Според меѓународната институција владите треба да преземат соодветни дејствија пред проблемот да се продлабочи.

„Растот е премногу низок предолго време и во многу земји придобивките се премалку: политичките последици најверојатно ќе го намалат светскиот раст уште повеќе“, изјави Обстфелд.

Опоравување во Русија

ММФ очекува падот на економијата во Русија и Бразил да заврши, враќајќи ги позитивните вредности на растот следната година односно до 1,1% и 0,5%.

Во однос на инфлацијата во Русија Фондот очекува во 2016 година да биде 5,9%, а во 2017 година - 4,9%. Тоа е значително подобрување во споредба со јулските индикатори кои беа соодветно 6,6% и 5,2%.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра