29 Април, 2024
0.0277

ММФ и СЗО ОЦЕНУВААТ: Кризата од 2008 е мало дете во однос на светската економија сега

Објавено во: Економија, Свет 04 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Никогаш претходно не сме биле сведоци на вакво запирање на светската економија, предупредија од ММФ и Светската здравствена организација. Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева изјави дека финасиска помош од ММФ досега побарале над 90 земји, подготвувајќи се за налетот на пандемијата. Според неа, светот сега е во рецесија, што е многу полошо од глобалната финансиска криза, која се случи пред 12 години

-Најтешко погодени се економиите во развој и растечките економии, кои поради пандемијата досега маат изгубено речиси 90 милијарди американски долари. ММФ е особено загрижен за пресвртот на неодамнешниот економски раст во африканските земји, изјави Георгиева.

Директорката на ММФ истакна дека фондот сега ќе ја искористи резервата од 1 милијарда долари, кои се наменети токму за вакви вонредни со цел да им се помогне на погодените економии, вклучувајќи ги и африканските земји кои инаку би требало да избираат меѓу борбата против новиот коронавирус и хранењето на своето население. Истовремено апел пристигнува и од СЗО, од каде повикуваат државите да обезбедат бесплатно тестирање за луѓето, но и здравствено осигурување за за сите пациенти кои се инфицирани со коронавирусот.

Оттаму загрижено предупредуваат дека ако луѓето кои имаат симптоми на болеста не одат на лекар само затоа што не можат да си го дозволат тоа, во тој случај постои огрома опасност ширењето на пандемијата да продолжи и во наредните неколку месеци.

-Така само се отежнува контролата на пандемијата и го ставаат во ризик општеството, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом. Инаку, од донаторските земји за Планот за одговор на СЗО на Ковид-19, досега има собрано 690 милиони долари.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка