Многу силен земјотрес погоди остров
Објавено во: Свет 28 Септември, 2018
Силен земјотрес ја стресе Индонезија.
Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди индонезискиот остров Сулавези.
Нема податоци за жртви и материјална штета.
Американската геолошка агенција денеска соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 18 километри, околу 30 километри северно од градот Донгал.
Индонезиската агенција за метеорологија и геофизија соопшти дека нема опасност од цунами.
Денеска седум потреси имаше и на Сицилија во Италија, во Турција, Грција, Швајцарија и други земји.