Момче загина спасувајќи стотина животи
Објавено во: Свет 30 Септември, 2018
Момче во Индонезија го жртвуваше својот живот за да спаси други луѓе.
Индонезискиот контролор на летање, Антониус Ганаван Агунг (21) го жртвувал својот живот за безбедно да полета авион полн со патници по силниот земјотрес и цунами.
Кога земјата ја погоди земјотресот со јачина од 7.5 степени, Агунг единствено останал во контролата на летови, откако останатите побегнале затоа што зградата започнала да се руши.
Тој останал за да се увери дека авионот безбедно ќе полета.
„Таа одлука го чинеше живот, но сепак спаси стотина други животи, бидејќи патниците беа во опасност“- изјави портпаролот на индонезиската авиопловна навигација.
По летот, тој скокнал од четвртиот кат и ја скршил ногата, а се здобил и со многу внатрешни повреди на телото, по што починал во болница.