Moмироски: Зарем Питу Гули или Гоце Делчев имале алтернатива?
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2022
Новинарот Горан Момироски вечерва на протестот пред Собранието праша дали револуционерите Питу Гули и Гоце Делчев немале алтернатива, а Владата постојано вели дека алтернатива нема.
Тој порача дека оставка не е доволна, туку некој треба да одговара за ова велепредавство. Вели дека овој народ имал предавници отсекогаш, а сега ги има Љупчо Георгиевски од Делчево, Зоран Заев од Муртино, Стево Пендаровски од Автокоманда и Димитар Ковачевски од Куманово.
„Го кријат протоколот како да е гроб на Иван Михајлов? Зошто го кријат? Затоа што знаат дека со него се поништува македонската нација“, рече Момироски.
Вели дека сакаат и Блаже Конески да го забранат, и филмот „Трето полувреме“. Момироски рече дека Бугарите сакаат да ни поништат се што сме направиле за 80 или 180 години.
„Јас не сум Северномакедонец на пат да бидам Бугарин, јас сум Македонец“, рече тој.
Кажа дека Богдан Илиевски добил тужба поради говор на омраза кон Бугарија, и вели дека тоа е наша иднина ако се прифати протоколот.
фото принтскрин