05 Мај, 2024
0.0224

Монсанто се откажува од Европа, нема одгледување на ГМО посеви?

Објавено во: Агробизнис 02 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

„Маршот против Монсанто" која се одржа во 52 земји доведе до откажување на нарачки за извоз на ГМО пченица, пишува Бизнис Инсајдер. Монсанто се откажува од одгледување ГМО култури во Европа бидејќи се соочува со голем отпор од Европјаните каде што се повеќе земји забрануваат употреба на ГМО семиња. Дури и длабоките корпоративни џебовите на Монсанто и мајсторите за лобирање не успеаја во Европа, па портпаролот на Монсанто рече дека било контрапродуктивно да се „борат против ветерници“. Оваа одлука беше донесена откако започнаа протестите минатата сабота со маршот против Монсанто, кога граѓаните од 400 градови во 52 земји излегоа против Монсанто и нејзиното влијание врз владите. Демонстрантите бараат производите кои содржатат ГМО јасно да бидат означени со етикета, така што граѓаните самите ќе одлучуваат  дали сакаат да ги купат или не. Компанијата разбра дека кога потрошувачите ќе ја прочитаат етикетата, малкумина ќе ги купуваат нивните производи. Од друга страна, Монсанто се уште се обидуваат да ги убедат дека ГМО храната е безбедна и дека етикетирање е само многу скапо. По „Маршот против Монсанто“,  Брандо Миченер од Европскиот огранок на Монсанто соопшти дека нема повеќе да лобира за одгледување на ГМО во Европа. Најголемата конкуренција Монсанто во Европа - Баер, BASF и Syngenta, веќе се откажаа од ГМО семињата.   

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?