„МОРА ДА ГИ СИМНЕМЕ ОД РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ СИТЕ НЕУКИ, НЕИСКУСНИ КОИ ДОШЛЕ ДА РАКОВОДАТ КАКО НАГРАДА ЗА ЛЕПЕЊЕ ПЛАКАТИ“: Најчевска вели СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ се плашат од знаење
Објавено во: Македонија 15 Април, 2024
Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи вели дека за да можат да владеат, на СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ им требаат неуки луѓе.
„За да може да владеат на СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ им требаат неуки луѓе.
Тие го промовираат незнаењето на сите нивоа од државата и најжестоко се борат против секој кој покажува и најмала инклинација кон читање, размислување и анализирање.
Македонија може да просперира единствено со знаење.
Мора да ги симнеме од раководни позиции сите неуки, неискусни, сите кои дошле да раководат како награда за лепење плакати.
Во моментов ниту една институција не може да функционира затоа што се вработени најглупите, најнеуките и најнеискусните.
СДСМ-ДУИ-ДПМНЕ се плашат од знаење, напиша таа.