МОСТ БРОИ НЕПРАВИЛНОСТИ: Семејно и групно гласање на повеќе места
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2017
Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:
• ГМ 1238 и 1239, општина Демир Капија, забележани се поголем број лица кои гласаат со придружба, 21 во првиот и 23 случаи во вториот случај. Избирачките одбори ја почитувале постапката и ги евидентирале имињата на лицата кои помагале во дневникот од Избирачкото место.
Непочитување на постапката на гласање и реакција од избирачките одбори
• ГМ 2957 и 2958, општина Шуто Оризари, забележани се по 5 случаи на семејно гласање, додека пак на ГМ 2959, исто во општина Шуто Оризари, забелжани се 8 вакви случаи.
• На ГМ 2929 и 2930 во општина Бутел, два гласачи се потпишале на несоодветно место во избирачкиот список. Избирачките одбори направиле записници за двата случаи.
• ГМ 2955, општина Шуто Оризари, 3 случаи во кои членовите на ИО им помагале на лица да гласаат и им укажувале за кого да гласаат.
• ГМ 0223, с. Мојно, општина Могила, член на ИО му помогнал на едно лице да гласа.
• ГМ 0440, с. Неготино, општина Врапчиште, УВ ламбата не функционира од 13 часот. ОИК не била известена за ова, а гласањето не било прекинато.
• ГМ 0886, с. Бање, општина Чешиново-Облешево, гласач одбил да биде обележан со невидливо мастило и му било дозволено да гласа.
Технички проблеми со изборниот материјал
• ГМ 2960, општина Шуто Оризари, гласањето било прекинато во период од половина час поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Направен бил записник, а гласањето продолжило.
• ГМ 2949, општина Бутел, гласањето било прекинато во период од 20 минути поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Член на ИО набавил нова ламба од ОИК, направен бил записник и гласањето продолжило.
Непочитување на постаката на гласање од страна на гласачи
• ГМ 2928, општина Чаир, Гласач го фотографирал глсачкото ливче, повикана била полиција и гласањето било на кратко прекинато. ИО направил записник за случајот.