Моторџики доставуваат млеко до мајки на новорденчиња кои имаат недостиг
Објавено во: Свет 04 Декември, 2016
Групата на моторџики сега наречена Milk Raiders е специјално ангажирана од Млечната банка во Њујорк да доставува млеко за доење кое е стерилизирано и складирано до мајки кои имаат недостиг или не можат да ги дојат своите новороденчиња. Исто така достави се вршат и до болниците таму каде има итна потреба.
Клубот на моторџики е создаден откако доставувачите често заглавувале во сообраќајот и Џули Бушет Хорвиц која е основач на Млечната банка решила да ги ангажира бидејќи моторите многу полесно се снаоѓаат во Њујорк.
Млекото се донира од мајките кои имаат доволно за доење и на овој начин помагаат на бебиња кои се предвремено родени, како и на повеќе здравствени организации и се работи на добротворна основа.