Може ли Трамп да донесе мир на Блискиот исток?
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2016
Новоизберениот американски претседател Доналд Трамп , кој за себе вели дека е „уметник на преговорите“ ќе се обиде да го реши хаосот на Блискиот исток каде преговорите се далеку од потребни, пренесуваат светските медиуми.
На Блискиот исток и пошироко, многумина размислуваат за изјавите на Трамп во текот на кампањата, духовитете коментари, интервјуа после избори и првите избори за луѓе кои ќе бидат дел од новиот претседателски кабинет.
Аналитичарите сметаат дека неговата надворешна политика се заснова на „контрадикторни импулси“, но дека треба да му се даде време.
„Тој сака да преговара, така да ќе има доста шанси. Човекот кој застана на чело на најмоќната светска сила е многу непредвидлив. Тој или ќе отвори хотел во Иран или ќе завојува со Иран“, пренесе БиБиСи.
Пред Трамп ќе бидат голем број сложени „дилови“ кој веројатно ќе се обиде да ја реши војната во Сирија, конфликтот во Јемен, а посебно Исламска држава и групите поврзани со Ал Каеда.
Според пишувањата на БиБиСи, Трамп веќе се обидува да најде мировно решение за судир на Израел и Палестина, иако неговиот прв и најголем тест би можел да биде решавање на шест годишната војна во Сирија.
Трамп неколку пати споменување дека сака добри односи со Москва, како и со Башар Асад, како би се ставило крај на џихадистиќките групации.
Не велам дека Асад е добар човек, тој тоа не е , но тој не е наш најголем проблем, туку Исламска држава. Ние немаме идеја кои се бунтовниците на кои им помагаме. Ќе почекаме, мора да направиме длабока анализа, заклучил Трамп.