17 Мај, 2024
0.1787

Можен ли е економски препород годинава: Бум или шок очекувања

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата очекува 2021 година да биде година на економско заздравување, ама опозицијата се сомнева дека годинава се можни добри економски показатели.
„За 2021 проектиравме и огромна развојна компонента. Најголем дел од проектираните средства или 83 отсто се расходи наменети за капитални проекти, конкретни проекти коишто живот значат за граѓаните. Тоа значи дека ќе продолжиме да инвестираме во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, гасификацијата, градинките, болниците, училиштата и животната средина, комуналната инфраструктура како и во изградба на социјални станови“, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на неделата што изминува.
Тој вели дека гоидната ќе е за рестарт и очекува значајни резултати. Проекциите се домашната економија годинава да порасне за 3,6 проценти
Професорот Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ вели дека и покрај тоа што можеби БДП ќе оствари раст  тоа нема да биде никаков бум.
„Ова не значи никаков економски прогрес, раст, бум, квантен скок бидејќи ако го земеме нето прогресот што треба да се случи на крајот на 2021 година, истиот ќе биде негативен споредено со почетокот на 2020 година. Или минус 5 проценти стапка на раст во 2020 година, плус 3,6% стапка на раст во 2021 година е еднакво на минус 1,4 процентни поени стапка на раст. Ова јасно укажува дека нивото на БДП (како индикатор за економската развиеност на земјата) на крајот на 2021 година ќе биде помало од нивото на БДП на крајот на 2019 година, вели Лазаров.
Додава и дека на крајот на 2021 година Македонија ќе има јавен долг од 65 проценти од БДП, што е зголемување за цели 16 процентни поени споредено со 2019 година. Или во апсолутен износ јавниот долг на државата во 2021 година очекува да биде поголем за цели 1.5 милијарди евра споредено со 2019 година. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА