17 Мај, 2024
0.0272

Можно е изборите да ја забават економијата во следната година, смета гувернерката Бежовска

Објавено во: Финансии 07 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Можно е да има забавување на економската активност следната година заради претстојните вонредни парламентарни избори, смета гувернерката Анита Бежовска Ангеловска. 

„Искуството досега упатува дека изборите е можно да имаат влијание на забавување на економската активност, но она што е карактеристично и вообичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок период, така што можно е, не е исклучена можноста да има одредено забавување на економската активност, но важно е во целиот овој период да се продолжи со структурните реформи, бидејќи тие се најважниот фактор што го детерминира растот, ги подобрува ефектите на економијата, за да може по завршувањето на тој изборен циклус, со поголем потенцијал на нашата економија да се остваруваат повисоки стапки на раст кои несомнено ни се потребни“, рече гувернерката на денешната пшрес копнференција на која ги соопшти најновите прогнози на монетарната власт за растот на домашната економија.

А за годинава Народна банка на Северна Македонија останува на својата прогноза дека БДП ќе порасне за 3,5 отсто, додека за наредната година прогнозира 3,8 проценти. 

А на среден рок се очекува растот на економијата во земјава да изнесува 4 проценти. 

Бежовска соопшти дека нема некои позначајни отстапки во однос на прогнозите од април. Надолни очекувања има за странската ефективна побарувачка, бидејќи се очекува забавување на глобалната економија, од претходните 3,6 отсто раст, на три проценти. Всушност, на нашата економија позначајно влијание може да има кризата на германската автомобилска индустрија, а Брегзитот не се очекува да има позначајни ефекти. Инаку, нашиот раст ќе биде воден од домашната побарувачка, но значајно влијание ќе даде и извозот, и од странските, но и од домашните индустриски капацитети. 

Гувернерката потврди дека оваа година се слабо искористени капитралните инвестиции, околу 40 отсто за првите три квартали и укажа дека тие треба да се зголемат, бидејќи се многу значајни за економскиот раст на државата. 

НБМ очекува и постепена фискална консолидација во следниот период. 

За Буџетот за идната година чие носење се одложи на вчерашната владина седница Бежовска рече дека НБМ не ги има деталите, и очекува да го види предлог буџетот, но и новата фискална стратегија, па ако има потреба, ќе се преоценат сегашните макроекономски ноемвриски проекции, но доколку нема големи отстапувања, тие ќе останат ниски.

Кредитната активност се очекува и натаму да ја поддржува економијата, додека за инфлацијата се очекува да остане ниска. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!