Mу се закануваат на напаѓачот од Нов Зеланд
Објавено во: Свет 18 Март, 2019
Напаѓачот од Нов Зеланд има закани по живот. Брентон Тарант кој во петокот уби 50 луѓе во нападот на две џамии на Нов Зеланд е главна мета на разни банди во затвор, објави „The New Zealand Herald”.
Напаѓачот од Крајстчрч го предупредиле дека во затвор не му се пишува добро, а еден новозеландски безбедносен експерт изјавил дека „Тарант станал главна мета“ после масакрот. Член на една банда изјавил за споменатиот медиум дека „тие имаат пријатели внатре“, што јасно укажува на закана.
„Заканите треба да се сфатат многу сериозно“, изјави криминологот Грег Њуболд кој самиот поминал одредено време во затвор. Тој открива дека во затвори има луѓе на кои што не им се допаѓа тоа што го направил Тарант.
За себе си напаѓачот кажал дека е расист.
Најголемиот дел од затворениците не се од бела раса. На Јужниот остров постоеле заедници со бели расисти, но доколку Тарант биде осуден за масакрот, тој ќе добие доживотна затворска казна и ќе биде сместен во затвор со максимална безбедност во Окленд. Тарант би можел од 5 до 10 години да помине во самица.После масакрот во Крајстчрч, Тарант е уапсен и од тогаш е сместен во специјална установа и се наоѓа под 24-часовен надзор.