17 Мај, 2024
0.0305

МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ НЕГО И СЕМЕЈСТВОТО И МУ ИЗНУДИЛ 7.000 ЕВРА - Обвинителството бара притвор за 43 годишник кој малтретирал човек за пари

Објавено во: Македонија 12 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Изнуда, од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 43-годишник, во периодот од октомври 2021 година до 11.04.2022 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со сериозна закана присилил едно лице да му даде парични средства во износ од 7.000 евра. Во октомври 2021 година, оштетениот од обвинетиот позајмил 700 евра кои требало да ги врати со камата која меѓусебно ја договориле. Оштетениот месечно му ги враќал парите согласно договорениот начин на исплата.

Но, во јануари 2022 година обвинетиот му кажал на оштетениот дека износот кој треба да го врати се зголемил за 150 евра. На 27 март годинава обвинетиот повторно телефонски го контактирал оштетениот, барајќи до крајот на тој месец да му исплати вкупен износ од 1.500 евра, при што му упатил и директни закани дека ќе му ги скрши рацете и нозете доколку не ги даде парите. На 3 април, со телефонски повик, обвинетиот му се заканил на оштетениот дека ќе го убие него и неговото семејство доколку не му исплати износ од 7.000 евра.

Следниот ден го повикал на средба во еден угостителски објект во Скопје. Оштетениот носел со себе парични средства, но обвинетиот побарал парите да ги претвори во банкноти од по 100 евра и неколку дена подоцна да му ги остави кај некој од вработените во угостителскиот објект. Ова оштетениот го одбил со изговор дека нема доверба да ги остава парите кај трети лица.

Изнудувачот закажал нова средба со оштетениот на 11 април, спроти казино на улицата „Иван Козаров“, при што оштетениот му предал 100 евра и 6.000 денари. Кога започнал повторно да му се заканува, осомничениот бил веднаш лишен од слобода, бидејќи оштетениот, стравувајќи за сопствената и за безбедноста на своето семејство, претходно ја пријавил средбата во полиција“, се вели во соопштението од обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и можност да го повтори делото.​

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање