Мухиќ: Граѓанинот Иванов го гази Уставот, тој е султан во негативна смисла
Објавено во: Македонија 21 Април, 2017
За забелешките дека по референдумот во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган, според коментарите ќе биде султан, партеникот од СДСМ, Ферид Мухиќ во дебата на Клик Плус рече дека треба да се разбие тој мит дека султанот е самоволен и донесува одлуки какви што сака.
„Ние имаме спротивен пример со граѓанинот Иванов кој го гази Уставот, еднаш кога го дава мандатот на партијата која нема парламенатрно мнозинство, без барање на какви било услови. Потоа бара услов 61 пратеник и повторно не го дава мандатот, туку, потполно неуставно, бара да види каква е програмата. Потоа вели, ако не е добра програмата повторно не ви го давам мандатот. Тој е султан во негативна смисла како стереотип“- изјави Мухиќ.
Вистинскиот владетел, како што вели, ги почитува законите на својата земја.