26 Април, 2024
0.0390

Муратовски: Митревски не заслужува да биде запишан во историјата на ССМ како претседател

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Расколот во Сојузот на синдикатите се продлабочува. Актуелниот претседател Живко Митревски не ја напушта функцијата, но не попуштаат ниту четирите гранкови синдикати кои бараат да се почитува одлуката на Советот на синдикатот според која Митревски треба да биде разрешен.  Вчера зградата на ССМ внтаре и надвор беше опколена со припадниците на единицата за брзо распоредување, откако претставниците на четирите гранкови синдикати кои беа исклучени од ССМ, се собраа да протестираат пред зградата. Тие излегоа на протест  револтирани од одлуките на како што велат разрешениот претседател Живко Митревски, но силното полициско обезбедување кое ја чуваше згарадата не им дозволи да влезат.

Овие синдикати меѓу кои се Синдикатот УПОЗ, Синдикатот СИЕР, СУТКОЗ и АГРО-синдикат, велат дека ќе протестираат се додека во Централниот регистер не се впише новоизбраниот претседател на ССМ Дарко Димовски. Од друга страна Митревски обвини дека овие четири гранкови синдикати се нелегитимни оти се исклучени од ССМ. Состојбата во ССМ  кулминираше откако Министерството за труд и социјална политика излезе со соопштение дека го поништува решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од должноста претседател, а за нов претседател избран Дарко Димовски.

Со ова соопштение за министерството практично Митревски е легитимен претседател. Инаку Живко Митревски на чело на ССМ дојде во 2008 година.

И тогаш неговиот избор беше откако ССМ донесе одлука за разрешување на тогашниот претседател Ванчо Муратовски, односно Митревски дошол на претседателската позиција на ист начин како сега Димовски.

Сега од позиција на поранешен претседател Ванчо Муратовски вели дека потезиите на институциите се показател дека Митревски го штити власта, иако според него со оглед на одлуката на Советот на синдикатот, Митревски треба да си замине. Тука најмногу ја комплицира работата Централниот регистер, кој очигледно е под влијание на власта и не дава решение, односно не го заведува новиот претседател и со тоа прави дополнителни комликации и во ССМ, вели за Фактор, поранешниот претседател на ССМ, Ванчо Муратовски.

Фактор: Речиси два месеци траат тензиите во ССМ, од позиција на поранешен претседател на ССМ,како ги коментирате потезите на Митревски, но и на претставниците на четирите гранкови синдикати кои бараат негово разрешување? 

Муратовски:Логично ако половина од членовите на Советот на синдикатот гласале за заминување на Митревски тогаш тој треба да си замине мирно и да не прави проблеми и да не се конфронтира со она што е реалност. Тоа што донесол бодигардови само зборува за него, а не за другата страна, и е сигурно лоша слика за самиот синдикат. Што ќе рече обичниот член ако неговото раководство се однесува на ваков начин.Од друга страна четирите синдикати мислам дека постапуваат неискусно. Се гледа дека Митревски ја изгубил довербата од повеќето гранкови синдикати.Тоа што во меѓувреме тврди дека има поддршка од  13 синдикати е само негова фикција. Ако имал поддршка од 13 синдикати сигурно немало да се случи тоа што се случило на Советот, на кој е разрешен од претседател.Ионака ништо не покажа во овие 6 години на владеење, оти тоа не беше претседателствување туку владеење со сила и со бодигардови. Подобро е да си оди оти сигурно во иднина ќе има реперкусии и по него како личност и по неговото останување на слобода, бидејќи според она што го тврди в.д избраниот претседател и останатите очигледно е дека има некакви криминалии таму.Според нивните тврдења сигурно е дека можеби и заради тоа толку грчевито се бори да остане да во меѓувреме ги спаси во наводници тие компромитирачки материјали и да не отиде таму каде што заслужува да оди.

Фактор: Зошто мислите дека овие четери гранкови синдикати постапуваат несикусно, што треба да направат?

Муратовски:Мислам дека неискусно постапија оти тие видоа за кој човек се работи во овие 6 години и дека тој нема да отстапи доброволно и дека ќе прави се за да остане, дека нема да бира средства што и се случи. Луѓето кои би требало да го заменат според одлуката на Советот покажуваат едно неискуство и сметаат дека нивната одлука е логична и реална и се базира врз основа на статутот што е и точно, но забораваат дека се работи за човек кој не бира работи за да остане на чело на ССМ.

Фактор: По заминувањето на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, новиот министер ја поништи одлуката за разрешување на Митревски, Централниот регистер сеуште тактизира со впишување на новиот претседател.Која е улогата на министерството во вакви случаи и сметате ли дека институциите го штитат Митревски?

Муратовски:Прво ниту еден министер после Ременски, било кој да бил од било која партија не може да менува веќе донесено решение кое се базира на регуларна одлука од Советот на синдикатот.Значи тие немаат некаква битна одлука освен да тоа што Советот им го доставил како одлука да го стават на хартија како решение. Иста е улогата и на Централниот регистер тоа што не го реализираат решението очигледно е дека ги застапуваат интересите на Митревски и дека се под влијание на власта. Инаку тука најмногу ја комлицира работата Централниот регистер, кој очигледно е под влијание на властите и не дава решение, односно не го заведува новиот претседател и со тоа прави дополнителни комликации и во ССМ.

Фактор: Во 2008 година Митревски беше избран на ист начин како сега Димовски, односно со ваше разрешување. Како тогаш постапија институциите?

Муратовски:Мене кога ме разрешија бесправно, одлучуваа 18 луѓе од вкупно 63. Тогаш на Министерството за труд и социјална политика не му беше проблем да се само 18 од 63, веднаш направи решение, поточно заклучок и како да не сум бил два пати избранна конгрес, а во исто време сега прави проблем за новоименуваниот Дарко Димовски.Тогаш кога мене разрешија решението беше потпишано во 15:15 часот од тогашниот министер за труд и социјална политика, а 40-тина минути потоа беше направена промената во Централниот регистер. Сега поминаа скоро два месеца Централниот регистер упорно не го потпишува и чека кој ќе дојде на власт претпоставувам. И сега е јасно дека Митревски ќе остане на оваа формална позиција, иако тој е практично избришан претседател се додека е оваа власт на чело на државава. Истиот ден кога ќе си отиде ќе биде сменет и Митревски, односно ќе биде реализирано решението на Министерството за труд и социјална политика и ќе се заведе во Централниот регистер.

Фактор: Како поранешен претседател на ССМ, како ја оценувате работата на Митревски во овие шест години, колку тој работеше во интерес на првата на работниците?

Муратовски: Тој беше две години в.д претседател а потоа регуларен претседател, иако регуларен не може да биде оти не е избран на регуларен начин со мојата смена. Прво, тој да помине на улица никој нема да го препознае, тоа јасно кажува колку направил за членството. Инаку реално, тој има направено само лошо направено на членството, нема направено добро.Ги намали правата на работниците на најниски граници и мислам дека не заслужува да биде воопшто запишан во историјата на ССМ како претседател, треба да биде избришан, како личност која направила најмногу зло на работниците на оние на кои би требало да ги застапува и за кои би требало да се бори.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката