06 Мај, 2024
0.0271

МВР: Идентификувани се лицата кои ги отворија вратите на Собранието

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

„СВР Скопје, по поднесената кривична пријава од 30.04.2017 против вкупно 15 лица осомничени за сторени кривични дела - “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ и “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ, продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на настаните предизвикани од упадот на граѓани во Собранието на Република Македонија од 27- ми април, при што до надлежното ОЈО дополнително се доставени три посебни известувања околу сознанијата на истрагата за неколку лица“, соопштија од МВР.

Оттаму велат дека по извршениот преглед на видео материјалите од безбедносните камери во Собранието идентификувани се лица кои што учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда.

Инаку, претходно ОЈО Скопје побара распишување на Централни расписи за приведување на сите 15 лица за кои постојат основи за сомнение за погоре посочените кривични дела , така што на 30.04 од слобода беа лишени осум лица кои што беа изведени пред Судија на претходна постапка кај петмина од нив изрече мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка - претпазливост.

СВР Скопје и натаму во координација со ОЈО Скопје интензивно работи на натамошна идентификација на лица коишто биле учесници во немилите настани од 27 април. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува