26 Април, 2024
0.0471

МВР истражува упади во царински системи на меѓународна криминална група

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на повеќе локации на територијата на Република Македонија на 19 овој месец изврши координирани претреси при што се обезбедени доказни материјали и е запленета компјутерска опрема од лица за кои постои основано сомнение дека се дел од меѓународната криминална група.

Како што соопшти МВР,  акцијата е во рамки на едногодишна операција „Пратка“ на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, по пријава од страна на Царинска управа на Република Македонија – Сектор за контрола поради сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Одземената компјутерска опрема е предадена на Одделението за дигитална форензика при МВР на РМ, со цел изготвување на дополнителна форензичка анализа и утврдување на сомненијата за учество на инволвираните лица во меѓународната криминална група.

Како дополнување во истрагата, во ноември минатата година, од страна на полициските служби од Единицата за компјутерски криминал во Министерството на внатрешни работи на Република Бугарија, е добиена информација дека постапуваат по случај каде што е регистрирана компјутерска злоупотреба на нивниот царински систем и дека располагаат со информации за постоење на меѓународна криминална група во која како членови учествуваат и македонски државјани, се наведува во соопштението на МВР.

По меѓусебна размена на оперативни информации и податоци кои се однесуваат на можна идентификација и утврдување на македонските државјани инволвирани во кривичните дела и обезбедување на детални информации за потеклото и начинот на кој функционира криминалната група, со посредство на Секторот за меѓународна полициска соработка (СЕЛЕК центар) биле организирани и работни состаноци на кои е формиран работен тим за заедничка истрага на активностите на организираната криминална група.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот