МВР поднесе пријави против напаѓачот на Беловски
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016
МВР излезе со соопштение дека се поднесени кривични пријави против напаѓачот на новинарот на Телма, Павле Беловски. Инцидентот се случи вчера додека Беловски правеше прилог за вестите пред зградата на МВР.
„На 20.10.2016 година околу 21,20 часот во Скопје, на ул. „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, Б.П.(29) од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на К.П.(32) од Скопје, при што повеќе пати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и му биле нанесени видливи повреди.
К.П. бил приведен во ПС ОН Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, се вели во соопштението на МВР.