26 Април, 2024
0.0267

МЗШВ даде согласност за враќање на делумна забрана за движење во шуми, целосната забрана останува само за Македонски Брод и Чашка

Објавено во: Агробизнис 15 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Според првичните податоци од Јавното претпријатие Македонски шуми, овој месец се регистрирани 56 пожари, а опожарени се 4.000 хектари. Од овие пожари, досега е завршена постапката за 22 пожари, од кои што штетата е околу 1 милион евра. Првичните анализи покажуваат дека дел од пожарите се подметнати, а дел се предизвикани од невнимание. Министерството за внатрешни работи, веќе има поднесено кривични пријави против две лица, посебен извешај за едно лице и записиници за две лица, поради постоење сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување шумски пожари“ во регионот на Македонски Брод.

Денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Македонски Шуми, даде согласност за повлекување на целосната и враќање на делумната забрана за движење во шуми. Оваа делумна забрана не важи за регионите каде што е прогласена кризна состојба, односно за Македонски Брод и Шашка, таму останува на сила целосната забрана за движење во шуми. Делумната забрана ќе трае се до проценка дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. Делумната забрана за движење во шуми не важи за вработените во ЈП Македонски шуми и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, за организирана ура на туристи за туристичко рзгледување.

И покрај враќањето на делумната забрана, и во следниот период ќе има засилени контроли на терен од страна на Шумската полиција и Инспекторатот за шумарство и ловство. Исто така засилени конторли ќе се спроведат за да се спречи опожареното дрво да  заврши во промет. 

„Ние сме во постојана комуникација со ЈП Македонски шуми. Нема да дозволиме опожареното дрво да биде ставено во промет. Со новиот директор на ЈП Македонски Шуми Зоран Ѓорѓиев, веќе ги креиравме политиките на кој начин ќе се спроведува постапката со опожареното дрво.Ќе се најде начин како ова опожарено дрво да се користи во понатамошниот период, но во никој случај нема да дозволиме тоа дрво да се препродава. Во координација со ЈП Македонски шуми, ќе ги разгледаме сите други опции како ова дрво може да се употреби за други намени,  на пример  за пензионери, синдикати или други цели, но нема да дозволиме ова опожарено дрво да се стави во промет“, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во следниот продолжува да работи на преземање мерки и активности за зголемување на шумскиот фонд. За таа цел од следната година ќе биде за седумкратно зголемен буџетот за Програмата за проширена репродукција на шуми.

-Буџетот на Програмата за проширена репродукција на шуми, изминативе години десеткратно се намалил. Од 70 милиони денари во 2006 година, буџетот што претходната власт го предвидела за обнова на шумите за 2017 година, се сведува на 7 милиони денари. Во последните четери години вкупно се пошумени само 200 хектари. Буџетот за наредната година за оваа Програма го зголемуваме седумкратно и само идната година ќе се пошумат 300 хектари, односно повеќе од претходните пет години заедно.За прв пат по пет години ќе се изврши авионско сузбивање на боров четник со што ќе се заштитат огромни борови површини“, вели министерот Николовски. 

Во периодот што следува се очекуваат и резултатите од ревизијата што ја спроведува Државниот завод за ревизија во институциите надлежни за шумите, а која што се спроведува по налог на министерот Николовски, уште пред активирањето на пожарите. Врз основа на резултатите од ревизијата ќе се спроведат соодветни мерки за превенција од пожари и зголемување на шумскиот фонд. 

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади