19 Мај, 2024
0.0282

НА 10 И 13 ГОДИНИ СИЛУВАЛЕ УЧЕНИК КОЈ ИМА 8 ГОДИНИ - Случајот кој ја потресе јавноста во раце на обвинителите

Објавено во: Македонија 30 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Само 8 години било старо детето кое било силувано од двајца други малолетници, дознава Телма од извори во истрагата за ова злосторство. 

Напаѓачите односно силувачите имале 10 и 13 години. Тие грозоморниот чин го снимале на мобилен и потоа го праќале на своите другарчиња.  

Видеото не е објавено на социјалните мрежи. Кога дознала, мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Битпазар.

- Преземени се соодветни мерки и активности и веднаш во полициската станица извршен е службен разговор со малолетниците, но и со родителите затоа што станува збор за  малолетници кои се под 14 години. 

Случајот е документиран и поднесен е соодветен поднесок до обвинителство. Отсега случајот е во надлежност на Основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи - вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Во моментов случајот е во рацете на јавен обвинител.

- Основното јавно обвинителство е известено за настанот. Пријавените деца е помали од 14 години, па со оглед на тоа се исклучени од кривична одговорност. Центарот за социјални работи ќе го провери случајот - велат од ОЈО. 

Родителите на силувачите биле повикани во станица, а известен е и Центарот за социјални работи.

Од Центарот велат дека веднаш разговарале со децата. Отсега центарот ќе работи и со децата и со нивните родители.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека ова не е прв ваков случај и апелираат до родителите повеќе да внимаваат што прават нивните деца користејќи ги социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“