07 Мај, 2024
0.0603

На автопатот Белград-Нови Сад повредени се две жени и две деца од Македонија

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Две жени и две деца од Македонија денеска се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Нови Сад во Србија. 

Маж загина, додека една од повредените жени е во критична состојба.  Српските медиуми објавија дека загинатиот е 56-годишниот М.А. државјанин на Хрватска, а повредените жени и деца се македонски државјани.

Според Blic.rs, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 11.50 часот во близина на крстосницата Ковиљ кога автомобил марка „Пежо“ со македонски регистерски таблици во кој биле возачот и повредените сопатници, од засега непознати причини, излетал од патот.

Од ургентниот центар на Клиничката болница Војводина соопштиле дека кај нив се примени две пациентки со тешки телесни повреди на главата и на телата.

„По инцијалната постапка за реанимација, спроведена диајгностика и оперативен третман, едната пациентка е во тешка состојба, хемодинамски нестабилна и сместена е во Ургентниот центар. Кај другата пациентка се уште се спроведува дијагностика и се санираат повредите“,  стои во соопштението од ургентниот центар Војводина што го пренесоа српските медиуми.

Според медиумите од Србија, едно од децата е во критична состојба. 

foto newnows.rs

Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена