На Балканот му претстои силно невреме
Објавено во: Македонија 27 Август, 2023
На Балканот му престои силно невреме кое може да биде опасно за луѓето и да направи многу штети, а температурите драстично ќе се намалат, вели метеорологот Славчо Попоски.
Вели дека почна снежната бајка на европските Алпи, а температурата во рок од 48 часа се намали дури за цели 20 степени. Според Попоски, ова е само почеток, а во следните три до пет денови во Алпскиот регион некаде се очекува формирање на снежна покривка од над 50 сантиметри (понекаде дури и до 100 сантиметри снег).