На бегалците Грујевски и Бошковски Грците ќе им судат експресно
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2017
Грчките медиуми будно го следат случајот со двацата екс началници во Петтата управа Грујевски и Бошкоски.
Според пишувања на грчки медиуми на двајцата бегалци кои завчера беа уапсени на аеродромот во Солун откаде што планирале да летнат за Будимпешта, Грција ќе им суди за поседување на лажните пасоши по експресен начин токму во Солун.
Медиумите на нашиот јужен сосед соопштија дека во исказот пред грчкиот суд Горан Грујевски и Никола Бошкоски барале да не ги екстрадираат во земјава, бидејќи, како што рекле се плашеле за нивните животи а ги отфрлиле сите обвинувања и потенцирале дека се жртви на политички прогон.
Како што соопштивме, грчката полиција ги фати екс функиционерите на УБК благодарение на лошо изработените лажни пасоши.
Тие се криеле под идентитетите Христо Атанaсов и Неџби Хасан.
ФОТО: Ројтерес