26 Април, 2024
0.0325

НА ЧЕКОР ДО РЕЦЕСИЈА: Од каде пари да се истурка 2017?

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

По Народната банка, најверојатно и Владата ќе ја намали стапката на економски раст. Со сегашните проекции на Буџетот, растот за годинава ќе изнесува 3 отсто, но поради неизвесноста од политичката криза, која се прелеа и во првото економско полугодие, економистите велат дека се очекува забавување на економскиот раст. Сега, многу значајно ќе биде како ќе се конципира новиот ребелансиран Буџет, на кој за прв пат потпис ќе стави новиот министер за финансии Драган Тевдовски. 

Економијата покажува знаци на слабост – какви ќе бидат фискалните политики? 

Извесно е дека ќе се намали стапката на економски раст годинава. По податоците дека првиот квартал од годинава заврши со раст од 0 отсто, според економистите, и оваа 2017 година може да се смета економски загубена – под сенка на политичката криза која го зеде својот данок во првата половина од годината.

“Со оглед на фактот што првиот квартал од годината заврши со нулта стапка на раст, новата Влада во никој случај не смее да пристапи кон намалување на трошоците, но со трошење на средства за финансирање на развојни проекти, со што би придонела во процесот на реформирање на стопанството, а сето тоа би придонело во проширување на производните можности на домашната економија. 

Во услови на стагнација, најлош пристап е кратење на трошоците. Министерот за финансии треба да вложи напори, во смисол на изнаоѓање на дополнителни извори на средства, во крајна линија и дополнително задолжување, во спротивно лесно може да се случи да се најдеме во фаза на рецесија. Поттикнување на агрегатната побарувачка ќе овозможи раст и на агрегатната понуда, а тоа фактички значи зголемување на новосоздадената вредност, т.е. повисока стапка на раст на реалниот БДП на домашната економија“ - вели унивезитетскиот професор Семи Бислими.

Во пресрет на ребалансот на Буџетот, реагираа од опозициската Вмро-Дпмне. Ја обвинија СДСМ дека за еден месец од нивното владеење ги има задолжено граѓаните за 60 милиони евра.

“Секој ден изминативе 37 дена Владата на СДС ги задолжуваше граѓаните по 1 милион и 600.000 евра. Резултат во реализирани проекти – нула. Освен задолжување, видовме само деструкција, укинување и блокади. Сметајќи со калкулациите на СДС од пред изборите, Владата на Заев ако продолжи со ова темпо на задолжување, а ќе продолжи, за една година ќе ги задолжи граѓаните околу 720.000.000 евра, а за 4 години мандат граѓаните ќе бидат задолжени околу 2.880.000.000 евра“ - посочи Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите што ги објави “Фактор“, набавки кои се планирани, а нереализирани на ниво на министерства ќе бидат меѓу приоритите од кои ќе се крати со ребаланс на Буџетот. Упатените потврдуваат дека на листата на кратење се пари од различни ставки на министерствата. Ќе се посегне и по патни трошоци и по рекламни кампањи. Така, нашите информации говорат дека ќе се намалуваат пари за главно планирани а нереализирани проекти и набавки, за мебел, за друг вид опрема, за возила, одредени транфери кои се во фукција на реклами и кампањи.

Мора да се интервенира во непродуктивните трошоци за да се обезбеди одржливост на јавните финансии, сметаат економистите.

“По промената на власта, неминовно се наметнува потребата за ребаланс на буџетот, со цел да се постигне  усогласување на буџетските проекции согласно програмските приоритети на новата Влада. Со ребалансот на буџетот се очекува кастрење на средствата за финансирање на т.н. непродуктивни трошења и нивна пренамена за поддршка и финансирање на проекти кои имаат повратни ефекти и кои се во функција на економскиот раст и развој“ - вели професорот Бислими.

Еден од клучните проблеми на досега проектираните ребаланси беше високото ниво на капитални инвестиции – чија реализација потфрлуваше. Главно, беа пробивани и буџетските дефицити. Новата Влада се обврза на транспарентност во јавните финансии и објавување на месечни извештаи за приходите и расходите по ставки.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори