28 Април, 2024
0.0256

На чекор до решение: Батериите на мобилните би можеле вечно да траат

Објавено во: Стил 25 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Понекогаш големите научни откритија се случуваат сосема случајно, а овој настан е токму тоа. Истражувачите на Калифорнискиот универзитет откриле начин да се направат батерии кои ќе траат вечно, и тоа сосема случајно.

Поточно, тоа го направила студентката Миа Ле Таи. Заедно со останатите експериментирала во лабараторија и ги премачкала нано-жиците во батериите за мобилен телефон со гел од манганов диоксид. После тоа воочиле дека батериите со полнење воопшто не го губат својот капацитет.

Вообичаената литиумска батерија го губи својот капацитет и сила после отприлика 7 илјади полнења-научниците батериите ги премачкале со гел , ги тестирале и наполниле веќе 200 илјади пати во три месеци, а не изгубиле ништо од својот капацитет.

На овој начин батериите за мобилни телефони, лаптопи и таблети би можеле да траат практично вечно, а исто така би можеле да бидат употребувани во автомобили и вселенски летала. Своето откритие истражувачите го објасниле со тоа што гелот им помага на нано-жиците да го одразат својот облик и структура и не се трошат со употреба.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти