29 Април, 2024
0.0259

На чија страна ќе застане Меркел во битката за претседател на ЕК?

Објавено во: Анализа 14 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер ја најави својата намера да се кандидира за функцијата претседател на Европската комисија (ЕК). Тој, сепак, може и да не ја добие клучната поддршка на канцеларот на Германија Ангела Меркел, пишува EurActiv. По веројатно е таа  да го поддржи претседателот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард за наследник на актуелниот претседател на ЕК Жозе Мануел Баросо. Меркел и Јункер можеби пренесуваат сигнали кон конзервативниот камп на Европа, но луксембуршкиот политичар изгледа ги изгубил симпатиите на голем број клучни фигури, особено во Германија. Ако на изборите за Европскиот парламент во Мај левоцентристите добијат превласт, Меркел може да биде принудена да ја поддржи кандидатурата на Мартин Шулц од германската Социјалдемократска партија (SPD). Историјата меѓу Јункер и Меркел започнува уште од времето кога канцеларката беше во опозиција. Од оваа гледна точка таа одблизу ја набљудува блиската соработка меѓу Јункер и поранешниот канцелар Герхард Шредер. Кулминација на заемната доверба меѓу Јункер и Шредер и најниската точка во односите меѓу Јункер и Меркел беа јасно изразени за време на средбата на високо ниво за прашањата кои се однесуваат на безбедноста, што се одржа во почетокот на 2003 година. На неа учествуваа Герхард Шредер, тогашниот претседател на Франција Жак Ширак, шефот на Белгија Гај Верхофщад и Жан-Клод Јункер. Дискусијата беше со фокус на контроверзниот предлог за создавање на Унија за безбедност и одбрана во Европа. На средбата учествувале само оние земји кои биле подготвени да соработуваат по прашањата на одбраната и безбедноста. Ангела Меркел му е лута на Јункер за тоа што не ја информирал нејзината партија Христијанско-демократска унија за спорните точки, независно од нејзината политичка поврзаност со Христијанско-социјална унија (ЦСУ) на Германија. Се разбира, Меркел сметала дека предлозите се особено важни за земјата. За време на последните избори за Европскиот парламент во 2009 година тензиите меѓу Берлин и Јункер беа веќе очигледни. Наместо ветеранот во Европската унија, Жан-Клод Јункер за претседател на Европскиот совет беше избран помалку познатиот Херман ван Ромпуј. Ако треба да се погледне уште на назапад - кон Франција, втората најголема економија во Европа, од која исто така зависат во не мала мера одлуките во ЕУ, тогаш прашањата пред претстојните избори се уште повеќе на број. Скандалот со претседателот на Франција, Франсоа Оланд го нарушува и удира доста силно по неговиот политички имиџ. Не е без значење и кого ќе го поддржи Франција во битката за следен претседател на ЕК. К.К.