На Данела Арсовска и одговара да има избори за Совет на Град Скопје
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2022
На градоначалничката Данела Арсовска и одговара да има избори за Совет на Град Скопје, но нејзина оставка не е во опција. Ова го истакна Арсовска во синоќешното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
Локални избори на ниво на Скопје за Совет би имало доколку не се изгласа градскиот буџет до март. Таков случај имаше пред извесно време во Тетово.
„Доколку советниците одлучат дека не треба да поддржат функционален буџет за граѓани, за реализација на проектите и за модерно Скопје, тогаш, по автоматизам, нивниот мандат престанува и ќе си одат на локални избори и ќе си дојдат советници кои ќе работат во интерес на граѓаните. Меѓутоа, мој личен впечаток е дека таму има искусни луѓе, и во политиката и како советници, и никој не би понел таква политичка штета по нив“, рече Арсовска во емисијата.
Таа додаде дека двете најголеми политички партии во државата не можат да го прифатата тоа што, како што вели Арсовска за себе, некој поединец се обидува да смени нешто во градот и државата.