30 Април, 2024
0.0247

На денешен ден било создадено шампањското

Објавено во: Стил 04 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Легендата вели дека на овој ден во 1693 година  монахот Пјер Перињон  ја „открива" тајната за производство на шампањ.

Оттогаш денот се смета за роденден на пенливиот пијалок кој симболизира раскош и сјај.

Монахот за вкусот на пијалокот прво што изговорил било „Дојди брзо, ова е вкусот на ѕвездите“.

Уште во 1891 година со Мадридскиот договор, називот „шампањ"  е заштитен и се однесува за вина произведени само во оваа провинција кои одговараат на традицијата и стандардот.

Според легендите, на смртна постела, монахот го диктирал рецептот на своето откритие.

Најважно е пијалокот да се прави од грозје пино ноар, при што зрната да не бидат целосно созреани.

Годишно се пие по околу 3 милијарди чаши шампањско.