На Германците им требаат работници, регрутираат и средношколци
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2017
Болниците и домовите за стари лица во Германија се подготвени да платат од 500 до 2000 евра за да најдат работник од странство кој пробно ќе работи 6 месеци.
Но, побарувачката на кадри оди чекор понатаму, така што Германците веќе имаат поделено промотивни материјали и по училиштата во Србија.
На овој начин Германците настојуваат да си ја обезбедат работната сила која ја немаат.
На учениците им нудат волонтирање, стипендирање, пракса, и вработување, а одличното знаење на германски јазик не е задолжително.
Од 2013 година наваму масовно лекари и медицински персонал од Србија заминува во Германија.
Земјата планира да „увезе“ 120.000 лекари.
Кадри се бараат за местата во Германија кои важат за побогати и понаселени.