На Јанакиески ќе му се суди за „Топ лик“
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го прифати барањето за покренување на обвинителен акт од страна на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Топ лик“ во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски кој беше дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во предметот Топлик чија истрага ја водеше СЈО постојат сомнежи за злоупотреби при продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште.
Освен Јанакиевски, обвинети се вкупно шест лица. Судот во овој предмет во предвид ќе може да ги земе и телефонските прислушувани разговори како докази по предлог на СЈО.
Според СЈО постои основано сомнение дека во периодот од 3.4.2007 до 18.2.2013 година во Скопје, првоосомничениот како раководно службено лице од МТВ и пет осомничени службени лица-членови на комисијата за спроведување на постапка за јавно наддавање при МТВ, како соизвршители, ја искористиле својата службена положба и, иако биле потполно свесни дека поради нивното дејствување може да настапи штетна последица, сепак, се согласиле со нејзиното настапување, па нанеле штета на средствата од буџетот на РМ во износ од 64.206.839 денари или 1.044.000,00 евра.