15 Мај, 2024
0.0305

На која возраст децата имаат реална потреба да поседуваат мобилен?

Објавено во: Македонија 24 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Сведоци сме дека децата кај нас поминуваат многу време со телефоните во раце. На оваа тема често стручњаците упатуваат критики кон родителите. Но, треба да се разграничи употребата на телефонот за забава, за играње на игри, креирање профили на социјалните мрежи и реалната потреба од поседување телефон со цел родителот и детето да бидат во комуникација.

Психологот и семеен советник, Наташа Бекирова објаснува дека до десеттата или дванаесеттата  година од животот на детето, неговата социјална средина е на некој начин физички ограничена. Тоа се движи и се дружи со дечиња во близина на својот дом или училиштето.

На оваа возраст, активностите  кои ги имаат децата се базираат на игра, натпреварување. Освен тоа, тука особено треба да се земе во предвид фактот за влијанието на смартфоните врз психофизичкото здравје на детето. Поседувањето на смартфон, би значело и ризик дека развојните потреби на детето ќе се заменат со време поминато на телефон. Затоа, мојот одговор би бил дека идеална возраст каде можеме да сме сигурни дека детето навистина има потреба од телефон би била после дванаесеттата година од животот. Сега постојат многу алтернативни можности како СМАРТ часовници кои нудат сигурност за родителите, а се добра опција за детето“, вели Бекирова.

Психологот се согласува дека кај нас децата поминуваат многу време со мобилните телефони и тоа има негативни ефекти.

Одговорот е дефинитивно ДА. Праксата покажува дека се претерува со прерано купување на телефони, се претерува во прекумерно користење и предолго дозволување на детето да биде пред екран, и се претерува во содржината која им е достапна на децата и не се контролира. Па оттука се јавуваат родители на дечиња кои бараат помош за ирационални стравови поради штетни содржини кои ги затекнале на своите мобилни телефони“, рече Бекирова.

Децата кои со часови се окупирани со мобилните телефони страдаат и од здравствени проблеми. Последици има по видот, но и физичкиот развој.

„Најпрво е засегнат физичкиот развој на детето. Страда видот, страда моториката која не се развива, а знаеме колку е важно движењето за развојот на мозокот кај дечињата. Страдаат вниманието и концентрацијата. Децата се сè порасеани, сè потешко се концентрираат на академски материјал. Едноставно, нивното мозоче е сè понавикнато  на силните светлосни, звучни дразби кои ги нуди телефонот, а не ги нуди црно-белото четиво од книгите. Со други зборови кажано, користењето на паметните телефони ги „крева” стандардите кај децата за тоа што е привлечно и што дава сетилно задоволство. Исто така страда социјалниот живот, се осиромашува меѓучовечкиот контакт. Децата губат можности да тренираат социјални вештини, да учат емпатија, да споделуваат и препознаваат емоции кај другите. Сè повеќе и повеќе уживаат во самотија и „партнерство” со телефоните на сметка на групни активности со останатите деца“, изјави Бекирова.

Во светот се направени истражувања кои покажуваат дека добар дел од децата кои не навршиле 2 години користат мобилни телефони. Многу држави веќе преземаат мерки за да ги оттргнат младите од прекумерната употреба на мобилните телефони и социјалните мрежи. Кина има за цел да го ограничи времето на екранот за деца под осум години до 40 минути, додека американската сојузна држава Јута воведе дигитален полициски час и услов за родителска согласност за малолетниците да ги користат социјалните мрежи. Франција се залага за воведување родителска контрола на уредите.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/syda_productions

Можеби ќе ве интересира

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

Туристка од Аргентина пронајдена почината во хотел во Охрид

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово