НА КВАКАТА НА ПРЕС ЦЕНТАРОТ НА ЛЕВИЦА, САЛИУ ЗАВРЗА ПАРЧЕ МАТЕРИЈАЛ СО БОИТЕ НА УКРАИНСКОТО ЗНАМЕ: На детското однесување морал да одговори исто
Објавено во: Македонија 14 Јули, 2023
Новинарот на Клан тв, Фуркан Салиу, на фејсбук објави како им се одмаздува на партијата Левица, за лепењето на таблата во паркот во Чаир.
„Додека илјадници луѓе гинат како последица на руската агресија во Украина децата на партијата Левица ја чкртаат таблата во паркот Украина. На ваквото детско однесување мора да одговориме на ист начин. Војната во Украина не само уште една обична војна. Таа е војна на средновековната идеологија со модерната демократија. Војна меѓу тиранијата и угнетувањето против слободата на говор и слободата на избор. Во една ваква војна слободољубивиот човек не може да биде само гледач.“ напиша Салиу.
Претходно, Црвената младина, на Фејсбук објави како таблата на која пишуваше Парк Украина, ја покриваат со натпис Парк Асном.