30 Април, 2024
0.0262

На македонските „дронери“ ни небото не им е граница

Објавено во: Стил 25 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Иноваторите од Македонија се исклучително ценети од НАСА, што е приказна за успехот на глобалната сцена и потценување дома, пренесува Ал Цезеира Балкан.

Леталото кое се управува со движење на рака е препознатлива сцена од научно-фантастичките филмови како што е „Star Wars“. Четири момчиња од Македонија тоа успаеаја да го пресликаат во реалност.

За да функционира такавата технологија им била потребна паметна-фитнес нараквица и посебна смартфон апликација, како и многу работа на програмирање, дизајн и иновативност. Дронот се контролира со нараквица преку wi-fi врска. Резултатот изгледа импресивно, но главна идеја на младите иноватори била едноставно и безбедно користење на дронови. Тоа е прв пат на ваков начин да се спојат сите тие направи. Веќе конструирале и прототип со кој прецизно се управува на растојание до 50 метри.

„Дроновите се повеќе се употребуваат. Со тоа се зголемува и опасноста. Целта ни е да се поедностави нивното управување, да може секој да ги користи. Моделот со фитнес нараквица го искористивме за „инстиктивно летање“, што значи-како ја насочуваме раката, така се поместува и дронот“, велат Филип Макрадули и Костадин Лазаров.

Имаат по 18 години и само што завршиле средно образование. На проектот биле задолжени за хардверски решенија и презентација. Вклучени се и нивните врсници Филип Димитровски, која ја програмирал, и Дарко Тодоровски, кој од 29 години е најстар член на тимот и работел на графичкиот дизајн. За себе велат дека се научни ентузајасти. Проектот го нарекле Авис, што е латински збор за птица. Тоа е името и на тимот.

Филтер на квалитет од НАСА

Освен управувањето, корисникот со технологијата би требало по пат на сензори и вибрации во нараквицата ќе добива важни информации за временските прилики, за теренот, како и за зоните каде е забрането летање.

Проектот влегол во најдобрите пет иновации на овогодишниот натпревар во Американската вселенска агенција „Space Apps Challenge - Peoples Choice“. Предизвикот бил учесниците да понудат решенија кои би допринеле во вселенските истражувања, или би го подобриле животот на Земјата. Македонскиот тим освоил најмногу гласови од публиката преку Интернет, но Филип и Костадин велат дека не добиле точно образложение зошто не победиле.

„Нас пред се, ни беше важно добро да се претставиме и да научиме нешто ново. Среќни сме што успеавме и во конкуренција од 150 пријавени проекти, полни од нив од познатите светски универзитети, во пресрет на најдобрите 25, а потоа и во топ пет. Тоа значело дека нашиот проект и презентација ги анализирале директно луѓето од НАСА. На некој начин го поминавме НАСА Филтерот на квалитет. Не е наше да се мешаме или да влијаеме во изборот на победник. Ние дадовме се од себе. Не ни беше важна наградата, туку искуството, и она што се добива после тоа“, вели Костадин.

Додаваат како е доволен успехот што голем број луѓе слушнале за нив и што оствариле некои важни контакти за иднината. Горди се и што покажале дека од Македонија може да излезе нешто квалитетно од сферата на новата техноловија и инвации.

Целата сторија прочитајте ја тука.