На неколку патни правци има намалена видливост
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2018
Намалена видливост има на повеќе патни правци во земјава.
До 150 метри видливост поради магла има во Битола, Прилеп и Ресен, додека во Тетово видливоста е 50 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината, а информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.