НА ОВА ДА ВНИМАВАТЕ: Kако да не ве измамат за работа во странство?
Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2017
Кога луѓето бараат работа во странство, треба прво да внимаваат на агенцијата.
Доколку заминуваат преку агенција, треба да проверат дали таа има лиценца за работа.
Најбезбедно е да не се заминува надвор од државата без потпишан договор за работа.
Ако ви кажат дека договорот ќе го потпишете кога ќе стигнете во странство, значи нешто не е во ред.
Во договорот мора да бидат прецизирани условите, платата, трошоци за превоз и слично.
Мора да обрнете внимание што потпишувате.
Ако се случат некакви проблеми, помош можете да побарате во амбасадата во наведената земја.