26 Април, 2024
0.0261

НА ПОВИДОК НОВО ПАРТНЕРСТВО: Nike почнува да продава директно преку Amazon

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Гигантот кај спортската облека и патики Nike планира да почне да ги продава своите производи директно преку сајтот за електронска трговија Amazon. Главниот извршен директор на Nike Марк Паркер коментираше пред CNN дека двете компании во моментов се обиделе да проверат дали можат да соработуваат. 

„Во раните фази сме, но навистина со нетрпение очекуваме да ги оцениме резултатите од Пилот програмата“, објаснува тој.

Производите на Nike и во моментов може да се нарачаат од Amazon, но тие всушност се продаваат од трети земји. При директното партнерство сепак спортската фирма, објаснува Паркер, ќе може „да го издигне начинот на кој брендот е претставен во Amazon“. Извршниот директор е на мислење дека неговата компанија ќе добие поголема контрола ако нејзините производите се рекламираат на сајтот за трговија.

Партнерството меѓу Nike и Amazon е дел од поголема кампања на фирмата, позната најмногу со своите патики, да се зголеми нивната онлајн продажба покрај трендот, луѓето се повеќе да купуваат од интернет. Продажбата во физичките продавници на брендот, објаснува Паркер, паѓаат.

Nike не е единствениот продавач кој се стреми кон директна продажба во Amazon. За шведскиот производител на производи за домот Ikea исто така има информации дека се стреми кон партнерство со Amazon, кинеската алтернатива Alibaba и други. Ikea планира да започне пилот партнерства со сајтовите во 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти