19 Мај, 2024
0.0308

На празничниот амбиент му се радувам исто како кога бев дете: Предновогодишно со Љупка Гугучевска Филипоска

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Ни претстојат најубавите празници, Новогодишните. 

По тој повод денес разговараме со Портпаролката и Раководителка на одделението за континуирани обуки во Државната изборна комисија, харизматичната Љупка Гугучевска Филипоска која ни откри како ќе ги помине празниците, по што ќе ја памети 2022 , какви спомени од детството и будат празниците, колку ѝ значат божиќните празници.

* Каде ќе ја поминете Новогодишната ноќ и што ќе им посакате на најблиските, пријателите, и сите граѓани?

- Новогодишната ноќ ќе ја поминам дома, во друштво со најблиското семејство. Со текот на годините сè повеќе ги ценам скапоцените моменти поминати со најсаканите, во нашиот дом.

На сите им посакувам да имаат во изобилство од она што не може да се купи со пари: вера, надеж, љубов, здравје и почитување. Убаво е секогаш да се потсетуваме на вистинските вредности и да ги чуваме и негуваме, без да имаме потреба да го сфатиме нивното вистинско значење откако ќе ги изгубиме.


* По што ќе ја паметите 2022, а што си посакувате за 2023 година?

- Во 2022 наполнив 40 години, и почнувајќи ја петтата деценија од животот, неизбежно направив анализа на она што поминало, одлуките кои сум ги донела, но и планови за она што претстои. За мене годините не се само бројка, туку живот, исполнет со подеми и падови, радост, среќа, тага, смеење, солзи, себеспознавање, промени, кои треба да водат кон подобра верзија од нас.

Како и секоја претходна година, за мене и 2022 беше полна со предизвици, и на приватен и на професионален план. Во текот на животот научив секој предизвик да го искористам за да извлечам поуки за себе, кои ми служат за мој личен растеж и созревање. На крајот на годината, можам да кажам дека чувствувам огромна благодарност, пред сè за она што го имам, но и за она што го немам, зашто сето тоа ме прави она што сум денес. Целото интервју на портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска Филипоска прочитајте го на Женски магазин.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“