НА ВРЕМЕТО СМЕТАШЕ ДЕКА ИМА СЕРИОЗНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ, АМА СЕГА НЕ БИЛ НЕГОВ ПАЦИЕНТ - Таравари вели дека лекарите на Ахмети знаат најдобро за неговото здравје
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2023
На времето сметаше дека има вистински здравствени проблеми, но сега не сака да зборува за тоа, бидејќи лидерот на ДУИ едноставно не бил негов пациент.
Ова важи за лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, чии влез во владата е се повеќе извесен.
Тоа значи дека Таравари ќе дели иста Влада и практично ќе седи на иста маса со неговиот досегашен политички ривал, Али Ахмети. Затоа, новинар му постави едно провакативно, но сосема логично прашање, а тоа е - каква е сегашната здравствена состојба на Али Ахмети.
Инаку, треба да се спомене дека ова новинарско прашање до Таравари поставено од колега од телевизијата Алсат М, се должи на фактот што во октомври лани, Таравари кажа дека првиот човек на ДУИ има сериознии здравствени проблеми. А, на зборот на Таравари треба да му се верува, бидејќи тој е истакнат лекар и редовен професор по неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Еве што тогаш кажа Таравари:
„Мислам дека Али Ахмети има вистински здравствени проблеми и му посакувам час поскоро да има успешна пензија, бидејќи за еден, или за два месеца ќе отиде таму каде што треба“, изјави тогаш Арбен Таравари.
А, како што пренесува Телевизијата Алсат, Таравари сега има поинакво мислење за здравствената состојба на лидерот на ДУИ, иако не смета дека и тогаш кажал нешто што е навредливо.
„Во политиката, одвреме-навреме се критикуваме еден со друг, кажуваме понекој збор, што може да биде навредлив. Јас не гледам овде некаков навредлив збор за Ахмети. Имав кажано дека од далечина се гледа оти не е добар со здравјето. Но, тој не е мој пациент, треба да кажат лекарите, ако направи контрола и ако има проблем. Ако нема, тогаш немам што да кажам“, рече вчера првиот човек на Алијанса за Албанците.