15 Мај, 2024
0.0258

На заедничката вечера на Путин и Меркел се служеа моите специјалитети: Шеф Филип Митевски, живее и работи во Германија, во синџирот хотели „Мартим“

Објавено во: Стил 25 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Неговиот начин на изразување на чинија е составен од пет до седум елементи. Добро ги познава боите и ги комбинира во пријатни тонови, кои предизвикуваат возбуда и среќа на крајот од дестинацијата - пред дегустаторите. Сака симетрија, архитектура и структура, која го зема важното место во неговата работа, како и уметнички начин на изразување. 

Кумановецот, Шеф Филип Митевски, живее во Дармштадт, а работи во Гриесхајм, Германија, во синџирот хотели „Мартим“ и создава неверојатни кулинарски специјалитети.

„Немам омилено јадење или слатка. Оваа професија ја работам со многу љубов, посветеност и професионалност. А ако работите на тој начин резултатите секогаш се позитивни. Имам своја изрека која честопати ја користам ‚Најдете си работа што ја сакате и никогаш не мора да работите'“, вели Митевски, и доплнува дека заминал во Германија за да види како ќе функционира во друга, поразлична средина од нашата.

И успеав. Работам во голем хотел каде што секојдневно доаѓаат луѓе од сите сфери. Меѓу нив има и популарни личности. Би нагласил дека во Германија културата е малку поразлична и не се прави некаква драма околу нивното присуство во хотелот. Моите специјалитети ги пробаа пејачката Хелене Фишер, како и актерката Џесика Шварц на една приватна забава во Нирнберг. Би го издвоил и големиот настан кој го организираше хотелот каде што работам пред корона пандемијата“, објаснува за Женски магазин овој успешен млад човек.

Повеќе детали читајте на Женски магазин