05 Мај, 2024
0.0238

Набрзо продолжен викенд – Дознајте кога!

Објавено во: Стил 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Кој не се радува на продолжените викенди? Мислиме дека нема таков човек. На 17 јули не очекува три дена одмор. Тогаш муслиманските верници го слават првиот ден на Рамазан Бајрам, а празникот е прогласен за државен, што значи дека е неработен за сите граѓани. Она што е добро е тоа дека се паѓа во петок, што значи дека ќе имаме еден продолжен викенд. Други неработни денови имаме : За сите граѓани на РМ • 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам • 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден • 08 септември (вторник), Ден на независноста • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба • 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски” За граѓаните од православна вероисповед • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) За граѓаните од католичка вероисповед • 01 ноември (недела), Празникот на сите светци • 25 декември (петок), првиот ден на Божик За граѓаните од муслиманска вероисповед • 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците   За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.