01 Мај, 2024
0.0278

Над 70 илјади денари донирани за кампањата „Засади Воздух“ на Skopje Run 10K

Објавено во: Мои пари 25 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Околу 2.000 тркачи излегоа на бул. Илинден во Скопје на Skopje Run 10K. На трката се срушија 3 рекорда и тоа државниот рекорд на 10 километри улична трка во машка категорија, државниот рекорд на 10 километри улична трка во женска категорија и рекордниот број на пријавени на Skopje Run 10К, докажувајќи дека здравјето и спортскиот начин на живеење се значајна цел во нашето општество.


Тоа не беа единствените пораки и голем број на луѓе ја покажаа својата хуманост вклучувајќи се и донирајќи за #ЗасадиВоздух. За кампањата беа собрани точно 76.440 денари. 


Со тие средства беа набавени 126 садници од повеќе видови и се пренесе дека свесноста за нашата екологија е голема и голем број на луѓе се грижат за подобра животна средина. „Апсолутно среќни и горди на секој еден од Вас кој преку купување маичка од трката или независно од тоа, во кутиите за донација даде свој придонес за нашата мини акција за собирање средства за купување дрвца за пошумување. Иако е само мал чекор од наша и Ваша страна, секое дрвце се брои. Ова најдобро го знаат тркачите и атлетичарите кои тренираат секојдневно надвор, на отворено, без оглед на условите.“, рекоа од тимот на Skopje Run 10K, Сојуз на спортови на Скопје, и со многу емоција ја пренесоа својата благодарност кон сите кои помогнаа.


Skopje Run 10К, ЈП Паркови и зеленило и Град Скопје денес ги посадија садниците од #ЗасадиВоздух.

Акциите ќе продолжат и во иднина. 


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор