26 Април, 2024
0.0484

Финансиски стабилно, профитабилно и современо работење

Надградена стратегија на групацијата Триглав до 2020-та година и деловен план за 2017-та година

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Групацијата Триглав ги објави стратегијата за периодот 2017-2020 година и деловниот план за 2017-та година. Преку своите вредности, мисијата и стратешките цели го зацрта својот пат да биде современа, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која што цврсто ја држи водечката позиција во Словенија и во регионот. Визијата на Групацијата предвидува динамично развивање на нови начини на работење, како основа за одговорен долгорочен развој на компанијата, а воедно да работи профитабилно и безбедно.

Мисијата на групацијата Триглав и до 2020-та година останува градење безбедна идниназа своите акционери. Дополнително, водечката осигурителна и финансиска групација во ЈИ Европа ќе биде посветена на одговорен и одржлив развој. Повеќе од 5000 посветени вработени, кои се темел на имплементирањето на визијата и стратешките цели,  се поврзани со заедничките вредности, втемелени во културата на групацијата Триглав: безбедност, одговорност, стручност, едноставност и современост.

Главните стратешки активности на Групацијата се осигурувањето и управувањето со средства. На крајот на стратешкиот период Групацијата ќе биде водечки понудувач на иновативни и сеопфатни производи во доменот на осигурителните и услугите за управување со средства на постојните пазари во регионот на ЈИ Европа.

Работење, прилагодено на потребите на клиентите, во правец на дигитализација, застапеност во сите продажни канали и нудење на асистентски услуги

Во центарот на сите активности на Групацијата се клиентите, кон кои Триглав ќе се однесува индивидуално, следејќи го нивниот севкупен кориснички развој. Групациските процеси, кои што стануваат сѐ повеќе дигитализирани, ќе бидат прилагодени на клиентите и нивните променливи навики, како дополнување на развојот на иновативни продукти и услуги, кои што ќе се креираат со цел да бидат едноставнии лесно достапни преку сите продажни канали, вклучувајќи ги како традиционалните, така и дигиталните пристапи. И понатаму ќе продолжиме да нудиме асистентски услуги, како додадена вредност на осигурителните производи.

Во поглед на управување со средства, стратешка цел на Групацијата ќе биде зголемување на обемот на средствата кои што се управуваат, или пак уделот во управувани средства за одреден клиент.

Успешно и профитабилно работење, преку јакнење на конкурентните предности

Финансиски стабилното работење на групацијата Триглав ќе биде профитабилно и насочено кон зголемување на вредноста на групацијата. Долгорочно гледано, основната осигурителна дејност ќе биде профитабилна, додека пак целниот просечен комбиниран коефициент во неживотно осигурување ќе изнесува приближно 95%. Во 2020-та година профитабилноста на капиталот (ROЕ) на Групацијата ќе надмине 10%. Групацијата ќе обезбеди ефикасно и севкупно управување со ризиците, трошковна ефикасност, финасиска стабилност и адекватност на капиталот, сѐ со цел да се одржи постојниот “A” кредитен рејтинг на групацијата. Од друга страна, критериумите на дивидендната политика и насоките за управувањето со капиталот ќе останат непроменети.

Во своето работење Групацијата ќе ги користи и подобрува своите конкурентни предности. Тие се темелат на силниот и доверлив бренд, големото портфолио на корисници на производите и услугите, развиените продажниканали, широката палета на квалитетни производи и услуги, како и брзото решавање на штети. Дополнително, Групацијата се одвојува од своите конкуренти и по својот однос кон пазарот, бидејќи нејзиниот долгорочен фокус на пазарите во регионот наметнува потреба од активно и одговорно инвестирање во тие пазари и во нејзините односи со акционерите.

Групацијата Триглав во регионот и пошироко

Групацијата ќе продолжи да работи во шест држави во ЈИ Европа, каде ќе се развива органски, сепак, доколку се појават соодветни можности, не се исклучени евентуални превземања. Во регионот каде што Групацијата работи се очекува долгорочен забрзан раст на осигурителните пазари, што ќе резултира со повисок удел во вкупната полисирана премија на пазарите надвор од Словенија. Групацијата ќе продолжи да ги развива пазарите во регионот, инвестирајќи првенствено во осигурителните сегменти во кои што се очекува највисока стапка на раст (осигурување на живот, здравствено и пензиско осигурување).  Ќе развива дигитални бизнис модели, кои што ќе ѝ овозможат пристап до пазари надвор од постоечкиот регион. Ќе гради стратешки партнерства со компании, чии активности се комплементарни со бизнис моделот на групацијата Триглав.

Оптимална организациска структура

Групацијата Триглав воведува флексибилна организациска структура, која што гарантира ефикасна рамнотежа помеѓу стабилноста и динамиката на организацијата, а притоа се намалуваат стратешките и другите ризици. На ниво на Групацијата и во иднина ќе се користи синергија и ќе се оптимизираат трошоците на работење, а воедно ќе се воведува целосен иновативен систем во организацијата.

Деловен план за 2017 година

Во 2017 година работењето на Групацијата и понатаму ќе биде финансиски стабилно и профитабилно. Бруто деловната добивка е планирано да изнесува помеѓу 70 и 80 милиони евра. Ќе се зачува финансиската стабилност и адекватноста на капиталот, што е во согласност со важечката политика за дивиденди и основа за исплата на дивиденди за 2016 година.

Според очекувањата, Триглав ќе работи во тешки пазарни услови во доменот на осигурувањето, како и во ситуација на ниски, па дури и негативни каматни стапки на финансиските пазари. Групацијата во 2017 година планира околку 930 милиони евра консолидирана бруто полисирана премија од осигурување (за 2016 година планот е приближно900 милиони евра), а се очекувасличен тренд во доменот на штети како и претходните години, како и ниска добивка од инвестициите поради влијанието на ниските каматни стапки. Во поглед на инвестициите,групациската инвестициска политика ќе има како приоритет обезбедување сигурност и ликвидност. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав се планира да изнесува околу 95%. Во согласност со стратешките насоки, Групацијата ќе ја зајакне и ќе ја консолидира својата положба на постоечките осигурителни пазари.

Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав изјави: „Во стратешкиот период што следи влегуваме амбициозно и со јасни цели. Се гледаме како современа дигитална осигурителна ифинансиска групација, со водечко место во регионот, познати по бројните конкурентни предности. Овие предности уште повеќе ќе ги зајакнеме. При тоа целиме нашето работење да остане финансиски стабилно и профитабилно, а при тоа нашиот развој да биде насочен кон одржливост и одговорност кон нашите сопственици, вработени, локалната заедница и пошироко, кон опкружувањето. Во 2017 година активно ќе спроведуваме проекти, со цел да ги оствариме нашите стратешки насоки и цели.

Можеби ќе ве интересира

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи