04 Мај, 2024
0.2608

Надмудрила 50 мудреци и ги преобратила во христијани-Се празнува Св. великомаченица Екатерина

Објавено во: Стил 07 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Денеска православните верници ја слават  Св. великомаченица Екатерина.

Била ќерка на цар Константин.

После смртта на татко и таа останала да живее со мајка си во Александрија. Мајка и била тајна христијанка, која преку својот духовен татко ја учела и Екатерина на Христовата вера.

Света Екатерина била надарена од Бога и добар познавач на филозифијата, како и медицината, реториката, логиката, а ја красела и телесната убавина. Кога царот видел дека е богата со знаење и мудрост повикал 50 најмудри луѓе, со неа да се надмудруваат за верата и да ја посрамат.

На крајот Екатерина нив ги надмудрила и посрамотила. Лутиот цар наредил сите мудреци да се изгорат во оган. Овие мудреци, по молитвата на Света Екатерина пред смртта го исповедале името Христово и станале христијани.

При мачењето на света Екатерина и се јавил Ангелот Божји, ја запрел и и го искршил велосипедот, на кој светата девојка била мачена, а потоа и се јавил и самиот Господ Христос и ја утешил. После многу мачења Екатерина е убиена со меч во својата 18 година, 24 ноември, 310 година.

Од нејзиното тело течело млеко наместо крв. Нејзините чудотворни мошти почиваат на Синај.

Именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица…