НАФТАТА ПАЃА: Колку чини „црното злато“ на странските пазари?
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2017
Се намали цената на нафтата.
Цените на „црното злато“ на светските пазари минатата недела паднаа од највисокото ниво што го достигнаа во 2015 година.
На лондонскиот пазар цената за барел минатата недела падна 1,3%, на 62,7 американски долари, а на американскиот пазар поевтини 0,3%, на 56,55 долари.
Состојбата е таква поради загриженоста од растот на производството во САД, што би можело да го отежне постигнувањето рамнотежа меѓу понудата и побарувачката за нафта.
Најважните членки на Организацијата на земји извозници на нафта (ОПЕК) испраќаат порака дека и по март в година ќе останат на договорот за намалување на производството на 1,8 милион барели дневно за да се намали нерамнотежата меѓу големата понуда и помалата побарувачка.
Ова го поткопува растот на производството во САД, кое минатата недела достигна рекордни 9,65 милиони барели дневно, што значи дека од средината на минатата година е зголемено 15%.