Најбрзо што може МОН ќе почне со печатење на учебниците, еве кога ќе бидат готови
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022
Најбрзо што може МОН ќе почне со печатење на учебниците, а истите би требало да бидат готови во текот на месецов или почетокот на следниот.
– Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. И гледам позитивна енергија во ова. И затоа јас уште, пак ќе кажам, ние се подготвуваме и Советот кој го најавив каде се вклучуваат многу институции е за да ги поврземе институциите, да ги имаме податоците, да знаеме како можеме да го решиме тој проблем кој е долгогодишен, кажа Шаќири
Во однос на недостатокот, министерот рече дека за образовниот процес да нема недостаток ги доставиле подготвителните материјали за прво, второ, четврто и петто одделеление, а истиот кажа Шаќири дека е подолг недостаток.