НАЈЧЕВСКА РАСПАЛИ ЗА ПЕНЗИИТЕ: Ниту едно објаснување зошто функционерите покачуваат плати, пратениците се расфрлаат со патни трошоци
Објавено во: Македонија 17 Август, 2023
Професорката Мирајна Најчевска покрај бројните критики кон одлуките и постапките на Владата, деновиве со свој став и за многубројните оправдувања зошто не може да се зголемат пензиите.
Таа укажува дека многумина се огласија да појасната зошто пензионерите не може да добијат повисоки пензии, но никој не даде објаснување зошто функционерските плати се зголемија за скоро 80 проценти, а притоа и ги кријат платите, дополнително што има високи профити во земјава...
- Одеднаш се појавија 100 објаснувања зошто пензионерите треба да преживуваат наместо да живеат, ама не се појави ниту едно објаснување зошто функционерите си покачуваат плати, банките вадат екстра профит, пратениците се расфрлаат со патни трошоци, се плаќаат казнени пенали за изградени и неизградени патишта и објекти... - напиша Најчевска на Фејсбук.
Нејзинот пост ви го пренесуваме во целост: